Комерцијална банка АД Скопје и Стопанска банка АД Битола преку преку Македонската берза и преку засебни соопштенија информираат дека се разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка Битола кон Комерцијална банка.
Најголемата банка во земјава извести дека ја разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка Битола, која неодамна прослави 75 години постоење на македонскиот банкарски пазар.
-Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека ја разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка АД Битола кон Комерцијална банка АД Скопје, поради што ќе биде остварен контакт со раководството на Стопанска банка АД Битола за првична размена на информации. Во оваа рана фаза постапката не претставува намера за присоединување и во ниту еден аспект нема обврзувачки карактер, освен да го изрази првичниот интерес во рамки на претходна постапка да се стекнат информации, врз основа на кои би се дефинирала евентуална намера за присоединување во иднина. Вистинската длабинска анализа ќе биде спроведена после усвојувањето на завршните сметки за 2023 година на двете банки на нивните собранија во 2024 година. Поради тоа, ова Известување не треба да се толкува како официјална намера за присоединување на Стопанска банка АД Битола кон Комерцијална банка АД Скопје, се наведува во нејзиното соопштение.
Информацијата ја потврдија и од Стопанска банка АД Битола.
-Стопанска банка АД Битола ја известува јавноста дека се разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка АД Битола кон Комерцијална банка АД Скопје, поради што ќе биде остварен контакт со раководството на Комерцијална банка АД Скопје за првична размена на информации. Во оваа рана фаза постапката не претставува намера за присоединување и во ниту еден аспект нема обврзувачки карактер, освен да го изрази првичниот интерес во рамки на претходна постапка да се стекнат информации, врз основа на кои би се дефинирала евентуална намера за присоединување во иднина. Вистинската длабинска анализа ќе биде спроведена после усвојувањето на завршните сметки за 2023 година на двете банки на нивните Собранија во 2024 година. Поради тоа, ова Известување не треба да се толкува како официјална Намера за присоединување на Стопанска банка АД Битола кон Комерцијална банка АД Скопје, информираат од оваа банка.