Коментар на неконсолидиран неревидиран Биланс на успех и Биланс на состојба на Комерцијална банка АД Скопје
за периодот 01.01 – 30.09.2018 година

 

1. Биланс на успех

Во периодот од 01.01-30.09.2018 година Банката од своето работење оствари
позитивен финансиски резултат во износ од 1.728,9 милиони денари наспроти
остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во
износ од 106 милиони денари. Повеќекратното зголемување на финансискиот резултат
се должи на интензивните активности на Банката за решавање на статусот на
должникот ФЕНИ – Кавадарци за кој поради влошување на состојбите во текот на 2017
година беше издвоен значителен износ на исправка на вредност. Имајќи го предвид
потенцијалот на комбинатот, како и интересите на сите засегнати страни, Банката во
текот на првиот квартал од 2018 година, склучи договор за продажба на своите
побарувања од „ФЕНИ ИНДУСТРИ АД Кавадарци во стечај”. Согласно условите од
договорот, целосна негова реализација и исплата на вкупниот износ на побарувањата
беа реализирани до крајот на март, по што во билансите на Банката беше
евидентирано ослободување на исправката на вредност и истото имаше соодветен
ефект врз остварениот финансиски резултат.
Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за
оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето е за
14,1% поголема во однос на минатата година година. Ова во најголем дел се должи на
зголемувањето на останатите приходи, а пред сè на приходите од капитални добивки
од продажба на преземен имот од должникот „Брилијант Штип“, што беше реализирано
со склучување на договори за купопродажба на недвижен имот, подвижни предмети и
права на индустриска сопственост со „Витаминка АД Прилеп“.
Вкупните приходи од работењето изнесуваат 3.536,7 милиони денари и бележат
зголемување од 6,8% во однос на истиот период од минатата година.
Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на
вкупните приходи од работењето и на 30.09.2018 година истите бележат намалување
од 12,5% во однос на истиот период од минатата година што главно произлегува од
намалена состојба на кредити дадени на секторот нефинансиски друштва, како и од
континуирано намалување на каматните стапки. Планот за анализираниот период е
остварен со 95,2%.
Нето приходите од провизии и надоместоци на 30.09.2018 година изнесуваат 624
милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат минимално
зголемување од 0,1%. Планот за анализираниот период е остварен со 105,5%.
Нето приходите од курсни разлики на 30.09.2018 година изнесуваат 107 милиони
денари и бележат зголемување од 20,1%. Планот за анализираниот период е остварен
со 119,9%.
Останатите приходи од работењето на Банката на 30.09.2018 година изнесуваат
914,7 милиони денари и бележат зголемување за повеќе од два пати, при што порастот
главно произлегува од приходите од капитални вложувања и капитална добивка од
продажба на преземен имот. Планот за анализираниот период е остварен со 93,8%.
Оперативните расходи за периодот 01.01-30.09.2018 година изнесуваат 1.203,2
милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се намалени за 5%.
Планот е остварен со 96,8%.
Загубата поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа
заклучно со месец септември изнесува 369,8 милиони денари и во најголем дел се
однесува на оштетување на имот преземен по 01.01.2010 година, согласно
регулативата од НБРМ.

Во извештајниот период исправката на вредност на финансиските средства и
посебната резерва за вонбилансни изложености на нето основа достигна износ од
234,8 милиони денари наспроти остварена дополнителна исправка на вредност на
финансиските средства во износ од 1.921,1 милиони денари во истиот период минатата
година, што се должи на преземените активности за решавање на статусот на
должникот ФЕНИ – Кавадарци земајќи ги предвид потенцијалите на комбинатот и
интересите на сите засегнати страни.

2. Биланс на состојба
Вкупната актива на Банката на 30.09.2018 година достигна износ од 109.915,5
милиони денари и во однос на декември 2017 година бележи зголемување од 4,8%.
Зголемувањето на вкупната актива во најголем дел се должи на зголемување на
паричните средства и парични еквиваленти. Планот е остварен со 102,2%.
Почнувајќи од 01.01.2018 година стапи во сила новата Одлука за методологија за
евидентирање и вреднување на сметководствените ставки и за подготовка на
финансиски извештаи од НБРМ, согласно која Банката донесе Политика за деловен
модел, класификација и мерење на финансиски инструменти на Комерцијална банка
АД Скопје и врз основа на истото изврши прекласификација на финансиските
инструменти во рамки на билансите. Поради тоа одредени позиции од Билансот на
состојба не се споредливи во однос на состојбата со 31.12.2017 година.
Паричните средства и паричните еквиваленти бележат пораст од 29,8% како
резултат на зголемената состојба на пласирани денарски депозити во НБРМ и
зголемената состојба на краткорочно орочените депозити во странство. Планот е
остварен со 123,5%.
Финансиски средства по објективна вредност преку билансот на успех
определени како такви при почетното признавање во износ од 330,3 милиони
денари се состојат од вложувања во удели во инвестициски фондови кои по старата
методологија беа класифицирани во позицијата Средства за тргување.
Средствата за тргување се намалени за 94% како резултат на извршената
прекласификација на уделите.
Кредитите на и побарувањата од банки бележат намалување од 81,9% како резултат
на доспевање на пласирани средства во странски банки со рочност над 3 месеци. Дел
од овие средства се пласирани во странски банки со рочност до 3 месеци. Планот е
остварен со 18%.
Кредитите на и побарувањата од други комитенти бележат намалување од 1,7%
како резултат на продажба на побарувањето од должникот ФЕНИ Кавадарци. Планот е
остварен со 97,8%.
Вложувањата во хартии од вредност се зголемени за 5,5% со што Планот за
анализираниот период е остварен со 103,5%.
Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања се намалени за
44,6% во најголем дел како резултат на евидентирано оштетување на имотот преземен
по 01.01.2010 година.
Вкупните депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) достигнаа износ
од 95.216,5 милиони денари и бележат зголемување од 3,8%. Планот е остварен со
101,6%.

Обврските по кредити достигнаа износ од 1.015,4 милиони денари и се намалени во
однос на декември 2017 година како резултат на отплатени доспеани рати од
кредитните линии. Планот е остварен со 97,2%.
Акционерскиот капитал и резервите на Банката со состојба 30.09.2018 година
достигнаа износ од 12.349 милиони денари и бележат зголемување од 12% како
резултат на распределба на дел од остварената добивка за 2017 година во резерви
согласно донесената Одлука за распределба на добивката на 04.04.2018 година на
одржаното Годишно Собрание на Банката. Планот е реализиран со 100,9%

3. Очекувања за претстојниот период
Макроекономските услови во кои Банката ќе ја остварува својата активност во 2018
година се очекува да бидат слични како во 2017 година. Продолжувањето на
стабилните макроекономски услови ќе се потпира на ниската и предвидлива инфлација
и стабилниот номинален девизен курс на денарот во однос на еврото. Се очекува
просечната годишна стапка на инфлација да се движи во распон од 1,5% до 2%.
Ценовната стабилност ќе биде поткрепена со понатамошна примена на монетарната
стратегија на таргетирање на номиналниот девизен курс на денарот во однос на еврото
од страна на Народната банка на Република Македонија.
И покрај континуитетот на макроекономската стабилност, не се очекува драматично
забрзување на економскиот раст на македонската економија во 2018 година, такашто се
очекува реалниот раст на бруто домашниот производ да забрза, но да се движи во
распон помеѓу 2,5% и 3%. Се очекува годишниот пораст на вкупните кредити на
банкарскиот систем да биде од 5% до 6%. Порастот на кредитите би се финансирал
првенствено од депозитната база на банките.
Банката ќе ги презема сите неопходни активности за остварување на зацртаните цели и
задачи во рамки на Програмата на мерки и активности на деловната политика за 2018
година, при што ќе биде фокусирана пред се’ на подобрување на квалитетот на
портфолиото. Растот на кредитната активност на Банката се очекува да биде умерен во
делот на кредитирање на нефинансиски правни лица, како и делот на кредитирање на
население согласно регулативата од страна на НБРМ, при што не се планираат
значителни промени во структурата на активата. Исто така не се планирани значителни
промени во структурата на изворите на финансирање, така што депозитите на
нефинасискиот сектор и натаму остануваат со доминантно учество во вкупните извори
на средства.

4. Известување за промени во сметководствените политики и методи на
вреднување.
Од 01 јануари 2018 година Банката применува нови сметководствени политики.
Народната банка на Република Македонија во Службен весник бр.83 од 2017г., донесе
нова Одлука за Методологија за евидентирање и вреднување на сметководствените
ставки и за подготовка на финансиските извештаи, применлива од 01.01.2018 година.
Најголемата измена во новата Методологија се однесува на измени во условите и
критериумите за класификација, мерење и вреднување на финансиските инструменти,
како и измени во начинот на оштетување на финансиските средства за целите на
процесот на имплементација на МСФИ 9.
МСФИ 9 – Финансиски инструменти го заменува МСС 39 – Финансиски инструменти:
Признавање и мерење, при што со новиот стандард се очекува да се поедностави
сметководството за финансиски инструменти и да ги разреши забележаните
недостатоци на МСС 39.

Заради успешно и ефикасно имплементирање на промените произлезени со МСФИ 9,
Банката пристапи кон примена на нови Сметководствени политики, со
цел секојдневните активности поврзани со сметководствената евиденција и
сметководствено вреднување да бидат конзистентни, и соодветно презентирани во
финансиските извештаи.

5. Исплатени дивиденди
Согласно Одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка до
31.12.2017 година и Одлуката за утврдување датуми при исплата на дивидендата за
2017 година, Банката почнувајќи од 30.04.2018 година врши исплата на дивидендата за
2017 година на акционерите иматели на обични акции кои се евидентирани во книгата на
акции на 19.04.2018 година. Од вкупно пресметаната дивиденда за 2017 година во износ
од 410.232 илјади денари, исплатена е дивиденда на правни лица во износ од 227.402
илјади денари и на физички лица во износ од 182.830 илјади денари.

6. Вложувања или продажба на материјални средства (недвижности,
постројки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30% од вредноста
на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски
извештаи)
Недвижностите и опремата заклучно со 30.09.2018 година бележат намалување од
2,3% во однос на декември 2017 година, главно како резултат на пресметана
амортизација.

7. Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемување
поголеми од 30%)
Заклучно со 30.09.2018 година, обврските по кредити бележат намалување од 18% во
однос на декември 2017 година, главно како резултат на повисокиот износ на редовна
отплата на обврските по кредити во однос на износот на новите повлекувања по
договорите за кредит