„Биди своја, биди силна“ акцијата на Комерцијална банка за охрабрување на жените жртви на насилство денеска се приклучува на кампањата „Крајно време е!“, со која започнува 16-дневен активизам во земјава за борба против семејното насилство.

Како спонзор и поддржувач на активностите на Националниот совет за родова рамноправност, Комерцијална банка ја поздравува кампањата на НССР, „Крајно време е!“, и се приклучува со испраќање силни пораки од жени-вработени во Банката за поддршка на жените жртви на насилство. Со ова жените од Комерцијална банка сакаат да ја охрабрат и да ја поттикнат секоја жена жртва на насилство да го пријави својот случај и да побара помош затоа што не е сама во својата борба.

Својот придонес за помош на жртвите на семејно насилство Комерцијална банка го дава со финансиска поддршка на проектот „Дигитализација и дигитална видливост на услугите на Советувалиштето и СОС линијата при НСРР“. Со тоа овозможи жените жртви на насилство да добијат бесплатна помош, односно Советувалиште за правна и психо-социјална поддршка и СОС линија 141-700.

Како општествено одговорна компанија со оваа наша поддршка сакаме да помогнеме секоја жена да има избор и полесно да ги надмине предизвиците во кои не треба да биде оставена сама.