Нашата поддршка за младите и нивната професионална ориентација ја дополнивме и со интересна маркетинг работилница за 50 студенти по психологија.

Комерцијална банка организираше работилница за студентите од четврта година на Институтот по психологија со цел да им го приближи значењето на маркетингот во современото банкарско работење.

Студентите имаа можност да се запознаат со улогата на маркетингот во Комерцијална банка, начинот на функционирање на тимот и неговиот придонес во креирањето успешни стратегии за комуникација со клиентите и за развивање нови и современи производи и услуги. Учесниците дознаа како се планираат и реализираат маркетинг кампањи, како и кои психолошки принципи се применуваат за да се постигне ефективна комуникација со клиентите.

Оваа работилница имаше за цел да ги инспирира студентите да го препознаат потенцијалот на нивните вештини и знаења во различни области, вклучувајќи ги и корпоративните структури, како што е маркетинг секторот.

Комерцијална банка продолжува да ги поддржува младите во нивниот развој, обезбедувајќи платформи за учење, размена на идеи и инспирација за идните професионалци.