Комерцијална банка со четири престижни годишни награди од Македонската берза ја зацврсти својата позиција како лидер на пазарот на хартии од вредност во земјата.

Комерцијална банка со гордост објавува дека четврта година по ред ја доби наградата „Акција со најголем промет во 2024 година – компании со пазарна капитализација над 50 милиони евра“.

Комерцијална банка повторно е и компанија чија акција има најголем ценовен раст на Македонската берза во 2024 година, во делот на компании со пазарна капитализација над 50 милиони евра.

Комерцијална банка ја доби и наградата „Членка на Берзата која во 2024 година има остварено најголем промет и трансакции од тргување со обврзници“.

За првпат оваа година, Македонската берза во соработка со Американската стопанска комора додели и признанија за добри ЕСГ практики, а Комерцијална банка ја имаше честа да биде меѓу наградените компании.

Благодарност до Македонската берза и до АмЧам во името на Комерцијална банка упатија д-р Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, и Билјана Максимовска-Поповиќ, Главен директор за корпоративно банкарство и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Тие истакнаа дека овие награди претставуваат потврда за посветеноста на Банката на транспарентно работење, создавање вредност за акционерите и доследно имплементирање на принципите на одржлив развој и корпоративна одговорност.

Наградите се и доказ за довербата на инвеститорите во Банката и за стабилноста на работењето на Комерцијална банка, со што дополнително ја зацврстува својата позиција како една од најдинамичните и најуспешни компании на македонскиот пазар.

Престижните признанија се секогаш поттик за Комерцијална банка да продолжи да ја јакне довербата на клиентите, инвеститорите и акционерите во нејзината успешна корпоративна мисија.