Детскиот ликовен фестивал „Мал битолски Монмартр“, кој постигна светска слава, годинава го одбележува 40-то јубилејно издание. Комерцијална банка со гордост објавува дека и годинава традиционално беше спонзор на младите ликовни уметници, кои во Битола секоја година создаваат уметничко творештво од светски ранг.

„Мал битолски Монмартр“ се одржа од 23-30 мај во Битола, а беше реализиран во согласност со препораките и мерките за заштита на здравјето во услови на пандемија од вирусот Ковид-19.

Традиционално детскиот ликовен фестивал „Мал битолски Монмартр“ претставува светска културно-образовна манифестација, која го развива детското ликовно творештво преку учество на млади ликовни таленти од сите меридијани. Оваа манифестација е веќе етаблирана на уметничката сцена и дава огромен придонес за афирмација на земјава. Препознавајќи го императивот да се поттикнуваат и поддржуваат младите уметници, Комерцијална банка со години е партнер на „Мал битолски Монмартр“ затоа што тука, меѓудругото, се создава и се гради дел од националната уметничка ризница.