Музиката и задоволството секогаш доаѓаат во пар.
Комерцијална банка а.д. Скопје со задоволство објавува дека е спонзор на најновото музичко дело на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски, кој пред македонската публика го претстави својот најнов албум „Taftalidze Shuffle“.
Онлајн промоцијата на албумот се одржа во просториите на книжарницата Литература.мк во ТЦ Сити Мол во Скопје, на која беше прикажан и видеоспотот на темата „Огледало“.
Во очекување на промотивен концерт, Комерцијална банка а.д. Скопје уште еднаш испраќа честитки до македонскиот виртуоз Влатко Стефановски.