Комерцијална банка АД Скопје е спонзор на јубилејниот концерт на Камерниот оркестар „Скопски солисти“, насловен како „Јубилеј 20 години уметничка дејност на Камерниот оркестар Скопски солисти“.
На концертот како солисти ќе настапат тенорот со светска кариера Благој Нацоски, познатата примадона Весна Гиновска-Илкова – сопран и виртуозниот обоист Томе Атанасов, а под диригентската палка на Иван Еминовиќ.
Овој јубилеен концерт ќе се одржи на 9 ноември во салонот на Националната опера и балет.
Ова е несекојдневен и, по многу нешта, единствен концерт од ваков вид, кој Комерцијална банка АД Скопје го поддржува со цел зачувување и истакнување на уникатните вредности на македонската култура.