Ден по Скопскиот маратон 2024, тимот на Комерцијална банка е исполнет со многу впечатоци и возбуда и горд на својот придонес за успешна реализација на годинашното најмасовно издание на овој убав настан.
Комерцијална банка на Скопскиот маратон имаше 125 свои тркачи, што е тимски рекорд, и како Златен партнер на трката на 5 километри ги награди најбрзите во женска и машка конкуренција.
Банката им додели подарок-картички во вредност од 5.000, 3.000 и 1.000 денари соодветно на првите тројца пласирани во двете категории во најмасовната маратонска трка и им честита со желба за уште поголеми успеси во иднина.
А, на своите тркачи им честита на постигнатите успеси. Во конкуренција на 1.970 тркачи, најдобрата маратонска четворка на Банката имаше одлични постигнувања. Миомир Алексовски имаше најдобро лично истрчано време на трката на 21 километар и заврши на 17-то место во севкупниот пласман и на 7-мо место во македонска конкуренција. Снежана Димовска заврши на 26-то место во трката на 21 километар, а во македонска конкуренција беше 12-то пласирана. Колегата Марјан Шамоски беше 82-ри во вкупен пласман, а Денис Димоски беше 255-ти.
КБ зоната на скопскиот плоштад во неделата беше местото кое ги обедини сите пријатели на Скопскиот маратон. Како горд спонзор, Комерцијална банка додели подарок-картичка во вредност од 3.000 денари и на следбеник на Инстаграм кој точно одговори на квиз прашањата поврзани со Скопскиот маратон.
Банката е горда на целокупниот свој придонес за Скопскиот маратон, кој претставува еден од најубавите спортски настани во земјава затоа што собира спортисти буквално од целиот свет и поттикнува здрави навики, пријателство и спортски дух кај голем број граѓани.