Комерцијална банка АД Скопје известува дека утре ќе изврши исплата на декемвриските пензии на оние пензионери кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во оваа банка.

Пензионерите може да ја подигнат својата пензија на широката мрежа на банкомати и во филијалите и експозитурите на банката.