Во периодот од 01.01-31.12.2019 година Банката од своето работење оствари нето добивка за финансиската година во износ од 1.806,8 милиони денари наспроти остварената нето добивка за претходната година во износ од 1.780,3 милиони денари, такашто истата е зголемена за 1,5%.
Планираната бруто-добивка за 2019 година е остварена со 110,9%. Во структурата на остварениот резултат за 2019 година
доминираат приходите од редовни активности, при што се забележува стабилизирање на нивото на исправка на вредноста на финансиските средства и посебната резерва за вонбилансни изложености на нето основа. Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 19,4% помала во однос на минатата година.
Намалувањето на добивката пред исправка на вредност главно произлегува од помалиот износ на реализирани останати приходи, а пред сè приходи од капитални вложувања и капитална добивка. Имено, во текот на 2018 година Банката изврши продажба на имот преземен од должникот Брилијант Штип по кој основ реализираше капитална добивка во вкупен износ од 411 милиони денари, додека капиталната добивка од продажба на преземен имот за цела 2019 година изнесува 396,8 милиони денари.
Вкупните приходи од работењето изнесуваат 4.370,2 милиони денари и бележат намалување од 12,4% во однос на истиот период од минатата година.
Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 31.12.2019 година истите бележат намалување од 2,7% во однос на истиот период од минатата година главно како резултат на намалени приходи од камата од кредити дадени на нефинансиски друштва, поради намалување на нивната состојба, како и од намалени приходи од камати од секторите држава и финансиски друштва поради намалени каматни стапки на државните и благајничките записи. Наспрема тоа, приходите од камата од секторот домаќинства бележат зголемување поради зголеменото кредитирање споредено со 2018 година и покрај намалување на активните каматни стапки. Планот за анализираниот период е остварен со 94,7%.
Нето приходите од провизии и надоместоци на 31.12.2019 година изнесуваат 947,2 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 8,0%. Планот за анализираниот период е остварен со 102,6%.
Нето приходите од курсни разлики на 31.12.2019 година изнесуваат 118,1 милиони денари и бележат намалување од 15,6%. Планот за анализираниот период е остварен со 84,9%.
Останатите приходи од работењето на Банката на 31.12.2019 година изнесуваат 819 милиони денари и бележат намалување како резултат на помалку реализирани приходи од капитални вложувања и капитална добивка од продажба на преземен имот.
Оперативните расходи за периодот 01.01-31.12.2019 година изнесуваат 1.790,4 милиони денари и во однос на минатата година се минимално зголемени за 0,1%. Планот е остварен со 110,9%.
Загубата поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа заклучно со крајот на годината изнесува 4,5 милиони денари и во најголем дел се однесува на оштетување на имот чија нето вредност е сведена на нула согласно регулативата од НБРМ.
Во извештајниот период Банката оствари исправка на вредноста на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансни изложености на нето основа во износ од 588,5 милиони денари, што во однос на минатата година претставува намалување од 25,9%