Комерцијална Банка Ад Скопје преку Македонска Берза објави Јавен повик за годишно собрание.
Годишното собрание на Комерцијална банка АД Скопје, со седиште во Скопје на ул. Орце Николов бр. 3, ќе се одржи на 04.04.2018 година (среда), со почеток во 12:00 часот, во Скопје, во Сити Мол (ул. Љубљанска бр.4), на II кат, во Сала број 4 – „Комерцијална банка“, со следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Избор на претседавач со Собранието;
2. Избор на 5 бројачи на гласови;
3. Посебни финансиски извештаи на Комерцијална банка АД Скопје
за 2017 година, ревидирaни од ревизорско друштво; со
– Мислење од Надзорниот одбор на Банката и
– Предлог-одлука за усвојување на извештаите и Мислењето од
Надзорниот одбор;
4. Консолидирани финансиски извештаи на Комерцијална банка АД
Скопје за 2017 година, ревидирaни од ревизорско друштво; со
– Мислење од Надзорниот одбор на Банката и
– Предлог-одлука за усвојување на консолидираните извештаи и
Мислењето од Надзорниот одбор;
5. Годишна сметка на Комерцијална банка АД Скопје за времето од
01.01. до 31.12.2017 година; со
– Предлог-одлука за усвојување на Годишната сметка;
6. Консолидирана годишна сметка на Комерцијална банка АД Скопје
за времето од 01.01. до 31.12.2017 година; со
– Мислење од Надзорниот одбор на Банката и
– Предлог-одлука за усвојување на Консолидираната годишна
сметка и Мислењето од Надзорниот одбор;
2
7. Годишен извештај за работењето на Комерцијална банка АД
Скопје во 2017 година; со
– Мислење од Надзорниот одбор
– Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај и
Мислењето од Надзорниот одбор;
8. Извештај за работата на Надзорниот одбор на Комерцијална
банка АД Скопје во 2017 година, колективно и од аспект на
поединечните членови; со
– Предлог-одлука за одобрување на Извештајот;
9. Предлог-одлука за употреба и распоредување на
нераспределената добивка до 31.12.2017 година;
10. Предлог-одлука за определување на износот на дивидендата и
датумите на исплата на дивиденда за 2017 година;
11. Предлог-одлука за измена на Статутот на Комерцијална банка АД
Скопје;
12. Предлог-одлука за определување друштво за ревизија на
Комерцијална банка АД Скoпје;
13. Извештај за усогласеноста на работењето на Комерцијална банка
АД Скопје со Кодексот за корпоративно управување на
акционерските друштва котирани на Македонската берза; со
– Предлог-одлука за усвојување на Извештајот.
14. Програма на мерки и активности на деловната политика и
финансиски план на Комерцијална банка АД Скопје за 2018 година
усвоена од Надзорниот одбор на Банката (за информирање на
акционерите на Комерцијална банка АД Скопје).
Се повикуваат акционерите да го пријават своето присуството.Секој акционер, кој има намера да учествува на Собранието на
Банката, е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.