Комерцијална Банка АД Скопје има потреба од вработување на Стручен соработник за процена и мерење на кредитниот ризик во Секторот за управување со ризици и планирање во Комерцијална банка АД Скопје, 1 (еден) извршител на определено работно време од 12 месеци.
Потребни квалификации и способности:
- Завршен Економски факултет ВС VII/1 или најмалку 180 (ЕКТС) кредити,
- Познавање на англиски јазик,
- Познавање на работа со компјутери,
- Познавање на финансиска анализа на нефинансиски правни лица,
- Систематски и аналитички пристап при работењето,
- Математички и статистички вештини,
- Најмалку 3 години работно искуство.
Ќе се смета за предност познавање во областа на кредитни анализи.
Исто така, ќе се смета за предност и познавање и работа со софтверски програми за статистика и познавање и работа со бази на податоци.
Работното време: 40 часа неделно, од понеделник до петок: од 08:00 до 16:00 часот
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми потребно е да пратат кратка биографија (CV), мотивационо писмо и уверение за завршено образование на следната адреса: Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса [email protected] со назнака: „Oглас за вработување на Стручен соработник за процена и мерење на кредитниот ризик во Комерцијална банка АД Скопје”.
Лице за контакт: Меглена Димитрова: 02-3168-412
Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да биде разгледувана.
На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.
Огласот може да го видите тука.