Комерцијална Банка АД Скопје има потреба од помлад соработник за платен промет во земјата и работа со население, во – Филијала Струмица, 2 (два) извршитела на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет, со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Без работно искуство,
  • Познавање англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.

 

Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на Филијалата од понеделник до петок: од 08:00 до 17:00 часот,  и во сабота од 08:00 до 14:00 часот.

 

Почетна основна нето – плата: 19.180,00 денари.

 

Огласот трае 8 (осум) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса [email protected] со назнака: „Oглас за вработување во Филијала Струмица“

 

Лице за контакт: Симона Белимова, тел.: 3-168-470

 

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да биде разгледувана.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.