Комерцијална Банка АД Скопје на ден 13.03.2018 година склучи договор за продажба на своите побарувања од “ФЕНИ ИНДУСТРИ АД Кавадарци во стечај” во вкупен износ од Ден 1.495.913.713,00.
Согласно условите од договорот целосна негова реализација и исплата на вкупниот износ на побарувањата на Банката треба да се заврши до крај на месец март.