Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти, корисници на платежни картички, дека деновиве е забележано зачестено рекламирање лажни интернет-продавници кои се декларираат како застапници на познати светски брендови, а со цел собирање податоци за вашите платежни картички и нивна понатамошна злоупотреба.

 

 

Банката ги повикува клиентите на внимателност при користење непознати интернет-страници, како и да внимаваат на името на страницата пред да внесат лични податоци и податоци од платежните картички. Доколку се сомневате дека сте ги споделиле вашите податоци и податоците од картичката со лажна интернет-продавница јавете се во нашиот 24/7 авторизациски центар на (02)3247 474 со цел блокирање на картичката и спречување понатамошна злоупотреба на вашите средства и личните податоци.

Дополнително Ви препорачуваме уште еднаш да ги прочитате советите за безбедно користење на картичките, а Банката ќе продолжи континуирано да ја следи употребата на картички од страна на корисниците, преку интерните системи за заштита од злоупотреби и превентивно ќе презема акции за заштита на своите клиенти.