ЕБРД ја награди Комерцијална Банка АД банка со две престижни награди за нејзината работа и достигнувањата во 2017 година.
Оваа награда „Most Active Issuing Bank in 2017 in FYR Macedonia” Банката ја добива по тринаесети пат како најактивна банка во меѓународната трговија (ТФП) во Република Македонија, но оваа година, за прв пат “Deal of the Year” for KB/938 (Зделка на годината за трансакција во која се вклучени две земји и две банки) оди во рацете на професионалниот тим на Комерцијална банка.
Конфирмираните трансферабилни акредитиви бараат повисок степен на специфично стручно занење и експертиза, па затоа оваа награда ЕБРД ја доделува за прв пат на Комерцијална банка, а се однесува на целиот регион каде делува ЕБРД (Европа, Азија и Африка)
Со оваа награда Комерцијална банка АД Скопје стана дел од светската мапа на меѓународно трговски експерти.