Комерцијална банка АД Скопје ја има честа да биде  Генерален покровител на второто издание на Фестивалот насловен ЕДНА ЉУБОВ преку границите на Македонија и Бугарија. Најдоброто од двете држави за сите генерации!

Во Градскиот парк на големата полјана (зад Езерце) на 16.6.2018 година (сабота) ќе се одвива целодневна презентација на најкарактеристичното од културата, уметноста, музиката и кулинарските традиции меѓу Македонија и Бугарија, а во културно-уметничката програма учество ќе земат Златните славејчиња, групата „Љубојна“, Ансамбл Булгаре, Деси Добрева, Сашко Коцев, Фолтин, Оратница, Графа, Next Time и групата „Слаткаристика“.

Фестивалот ќе започне во 10:00 часот, а влезот е слободен.

Следејќи ја својата определба за општествена одговорност, Комерцијална банка АД Скопје и овој пат со задоволство застана во поддршка на вистинските уметнички вредности кои го збогатуваат нашиот културен живот.