Комерцијална банка АД Скопје заедно со подржувачите на светското движење „Pay it Forward“ се придружи на иницијативата на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea, која од минатата година е промотор на светското движење „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму) на одбележувањето на светскиот ден на Продолжи понатаму во Скопје. Целта на движењето е да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки! Pay It Forward функционира на начин што поттикнува да направите неколку добри дела за различни луѓе и од нив да не барате ништо за возврат.  Сè зависи од добрата волја на луѓето и нивната желба за хуманост и љубезност.

 

 

 

Банката со своја донација ја подржа прославата на денот на „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму) 28 април 2018 г., а за својот ангажман и заложби за ширење на идејата и иницијативата за претворање на светот во подобро и похумано место на живеење, на прославата од годишнината на движењето „Pay it Forward“ беше прогласена за „Амбасадор на добрината“.