Амбасадата на Република Италија во Република Македонија повеќе години наназад организира серија на културни настани чија основна цел е италијанската култура и уметност што повеќе да ја доближи до македонските граѓани.
Комерцијална банка АД Скопје е спонзор на Италијанскиот филмски фестивал насловен „Прозорец кон италијанската кинематографија“ кој ќе се одржи во периодот од 17 до 23 мај во Кинотеката на Македонија. Од вкупно седум филмови, првиот филм ќе биде прикажан во кино „Милениум.