Ненајавен увид во 4 маркети и една Стопанска комора, Комисијата за заштита на конкуренцијата откри картелско здружување, односно договарање на цените…
По извршениот ненајавен увид во 4 маркети и една Стопанска комора, Комисијата за заштита на конкуренцијата откри картелско здружување, односно договарање на цените.
Поведена е прекршочна пријава. Спротивно на законот се договориле дека ќе делуваат усогласено и нема да набавуваат стоки од добавувачи кои ќе достават нови ценовници за нивните производи.
Комисијата интензивно врши контроли кај повеќе правни субјекти кои имаат удел во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, ќе презема најригорозни мерки и санкции и нема да дозволи изигрување на законот на штета на граѓаните, велат од Комисијата.