Делегација на Собранието во состав: Горан Милевски, Агим Шаќири и Хари Локвенец,учествува на состанок посветен на енергијата добиена од обновливи извори во организација на Енергетската заедница, кој се одржува на 24 април 2018 година (денеска) во седиштето на Европскиот парламент во Брисел.
Покрај претставниците од Собранието, на состаноците ќе учествуваат и претставници од парламентите на земјите-членки на Енергетската заедница, пратеници од Европскиот парламент и претставници од други европски институции. На состанокот ќе се дискутира за моменталната состојба со употребата на обновливите извори на енергија во земјите-членки на Енергетската заедница како и начините за зајакнување на одржливата употреба на обновливата енергија во овие земји.