Esprit Europe и шест други германски фирми на модната групација Esprit Holdings со седиште во Хонг Конг поднесоа барање за несолвентност под самоуправување.
Од одлуката директно ќе бидат засегнати околу 1.500 вработени.
Се работи за шесте фирми – Esprit Europe Services GmbH, Esprit Wholesale GmbH, Esprit Card Services GmbH, Esprit Design & Product Development GmbH, Esprit Global Image GmbH и генералниот партнер на Esprit Retail B.V. & CO. KG.
Групацијата, со седиште во Холандија и во Њујорк, САД, се обидува да го реструктуира својот европски бизнис и поднесе барање за банкрот во Белгија и Швајцарија во март оваа година.
Причините наведени од групата за одлуката беа екстремно високите трошоци со кои се соочуваат подружниците, каматните стапки и цените на енергијата, последователните ефекти од пандемијата Ковид-19 и последиците од меѓународните конфликти, а сето тоа ја ослабе финансиската состојба на подружниците .