Според последните податоци на Народната банка, на годишна основа кредитите се зголемиле за 7,3 отсто. Така компаниите се задолжени со 3,6 милијарди евра, а домаќинствата имаат подигнато кредити во висина од 3,9 милијарди евра. Годишното задолжување е зголемено за 6,3 проценти кај потрошувачките и 10,5 отсто кај станбените кредити.

Граѓаните и компаниите на банките им должат над 7,5 милијарди евра,  односно над 7,5 милијарди евра достигнува кредитното задолжување во домашните банки. Според последните податоци на Народната банка на годишна основа кредитите се зголемиле за 7,3 отсто. Бројките велат дека компаниите се задолжени со 3,6 милијарди евра, а домаќинствата имаат подигнато кредити во висина од 3,9 милијарди евра.

Што се однесува на останатите анализи кредитите на корпоративниот сектор имаат месечен раст од 0,5 проценти, додека на годишно ниво од 7,3 отсто. Се регистрира раст во кредитирањето во денари, а пад кај кредитите во странска валута. Раст од 7,5 отсто на годишно ниво има и кај кредитите кои ги подигнале домаќинствата.

Од Народната банка, исто така, информираат дека во јули годинава, како и претходните месеци, се забележува дека има поизразен интерес за конкретни кредити, поточно за потрошувачките и станбените кредити. Годишното задолжување е зголемено за 6,3 проценти кај потрошувачките и 10,5 отсто кај станбените кредити.

Автомобилските кредити овој месец се повисоки за 2,5 отсто, додека на годишно ниво за 23,6 проценти. Кредитите одобрени на кредитни картички се намалени за 0,2 отсто и 8 проценти, на месечна и годишно ниво.

Во јули, негативните салда на тековните сметки забележаа месечен пад од 1 процент во услови на годишен раст од 8,4 отсто. Во јули, кредитите одобрени врз други основи се непроменети на месечна основа, додека во споредба со истиот период претходната година, тие се намалени за 18,4 проценти.