овите неискористени резерви на злато се најдени во средна Босна, поточно во Вареш.

Според австралиските медиуми, вредноста на акциите на комапнијата пораснала двојно по објавувањето на веста за наоѓалиштата во Вареш, а весникот „Вест Аустралијан“ објави дека оваа спектакуларна вест може на повеќе начини да се одрази на стопанството на БиХ.

Компанијата „Адријатик металс“ поседува концесија за истражување и експлоатација на минерали и руда на одредени локации во Вареш, чија вредност сега е зголемена за неколку пати.

За вредноста на овие наоѓалишта најобро зборува растот на акциите на „Адријатик металс“ на берзата ASX и тоа веднаш по објавувањето на веста дека на длабочина од неколку десетици метри низ пробните отвори се извадени примероци кои компанијата ги опиша како „коктел од висококвалитетни минерали“.

Примероците земени од локалитетот Рупице покажаа дека од еден тон ископани материјали има 4,6 грама злато, половина килограм сребро, 7,7 % олово, 10,8% цинк, 46% барит и 0,9% бакар.

Ова значи нов живот за речиси пропаднатото босанско гратче.