Конференција на тема „Високи надежи и големи падови: Ставови на граѓаните и граѓанските организации и ефекти од секторските работни групи“ ќе се одржи денеска во Скопје, во рамки на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ-интеграциите“. Проектот го координира и спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија со партнерите Реактор – Истражување во акција, Евротинк – Центар за европски стратегии и Центар за граѓански комуникации.
Меѓу говорниците на конференцијата се вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, Сандра Анастасовска, програмска координаторка на Фондација Отворено општество – Македонија, Тања Иванова, претседателка на Реактор – Истражување во акција, Фани Каранфилова-Пановска, извршна директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.