По повод одбележувањето 25 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС), денеска во Музејот на современата уметност ќе се одржи конференцијата „Трансфер на технологија и права на интелектуална сопственост во Република Македонија“.
На конференцијата ќе присуствува министерот за економија Крешник Бектеши, а како говорници се најавени директорот на ДЗИС, Сафет Емурали, заменик претседателот на Европскиот патентен завод Жељко Топиќ и претставникот на Светската организација за интелектуална сопственост Силвија Трпковска.