Акциите на Беркшир Хатавеј заостануваат зад широкиот пазар, делумно заради неможноста на Бафет да инвестира голема сума пари

Конгломератот, управуван од милијардерот Ворен Бафет – Беркшир Хатавеј АД, објави дека нејзиниот квартален оперативен профит се зголемува во услови на подобрени резултати низ повеќе деловни линии. Компанијата генерира повеќе приходи од инвестиции од нејзините осигурителни компании, пренесува Ројтерс.

Оперативната добивка на Групацијата за третиот квартал се искачи на 7,86 милијарди американски долари од 6,8 милијарди американски долари претходната година.

Растот доаѓа во услови на забавување на американската економија, што се покажа како помалку од очекуваното, бидејќи одржливоста на потрошувачката на потрошувачите ја неутрализира намалената деловна инвестиција.

Како и да е, нето добивката на Беркшир падна за 11% на 16,52 милијарди американски долари или 10,199 долари по акција од Класа А, што е намалување од 18,54 милијарди американски долари или 11,82 долари по акција од Класа А, една година порано. Податоците одразуваат пониски реализирани и нереализирани придобивки од инвестициите во Беркшир, што е услов по законите за сметководство во САД.

Акциите на Беркшир заостануваат зад широкиот пазар, делумно заради неможноста на Ворен Бафет да инвестира голема сума пари. Акциите на конгломерат Класа А се затворија вчера на 323,4 американски долари, што претставува зголемување од 5,7% за 2019 година. За споредба, индексот „Стандард и Пурс“ 500 се искачи нешто над 22%.

Акциите од класа Б на компанијата се затворија на 215,83 долари, што претставува раст од 5,7%.

Конггломератот со седиште во Омаха, Небраска работи со повеќе од 90 бизниси кои вклучуваат од сладолед, овошје, долна облека, енергетски компании, брокерство за недвижнини и др.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк