Бидејќи биткоинот се приближува на граница од 21 милион „единици“, аналитичарите предвидуваат дека купувањето на криптовалути ќе биде се потешко.

Но тоа ќе ги направи уште повредни. Други тврдат дека нема да биде децентрализирана.

Досега се ископани 16. 800.000 биткоини . Не е можно да се предвиди кога ќе бидат ископани 21 милион, но некои велат дека тоа може да се случи за 5 години, други тврдат дека тоа нема да се случи ни во наредните 100 години бидејќи копањето ќе стане потешко.

Како награда за разбивање блокови, се добивале првично 50 биткоини, потоа „наградата“ падна на 25 биткоини, па на 12,5. Како се предвидува, во 2020 таа ќе падне на 6,25 биткони, што за копачите ќе биде неисплатливо.

Кога се ископаат 21 милион биткоини, снабдевањето не може да расте-без разлика на растечката побарувачка. Некои ќе го изгубат пристапот до своите електронски паричници, што дополнително ќе влијае.

Поради тоа, ентузијастите мислат дека тоа ќе резултира со раст на цената, од 100 000 долари по паричка.

 

16.01.2018