Производителот на хардвер Nvidia забележа приход од продажби за кварталот кои ги надминаа очекувањата, иако поголемиот од очекуваното дел од побарувачката на нејзините моќни процесори дошол од несигурниот пазар на криптовалути, пишува Bloomberg.
Иако производителот на чипови генерира 289 милиони долари од „копачи“ на криптовалути во првото фискално тромесечје, овие приходи можат да се намалат за две третини во тековниот период, коментира компанијата.
Ова е прв пат компанијата споделува за продажби, поврзани со пазарот на крипто-валути. Цената на акциите на Nividia се намалија за 3,8% по завршувањето на трговијата.
Основачот и извршен директор на Nvidia, Јенсен Хуан тврди дека продажбата на графички чипови на гејмери (најголемиот пазар на компанијата), остануваат силни. Приходите за второто фискално тримесечје ќе достигнат 3,1 милијарди долари, објави компанијата со седиште во Санта Клара, Калифорнија. Ова ќе надмине просечната прогноза на аналитичарите за 2,95 милијарди долари според податоците собрани од Bloomberg.
Според зборовите на Хуан, „копачите“ на крипто-валути купиле доста хардвер во кварталот и тоа ги поттикнала цените. „Мислам дека многу гејмери немаа можност да си ја купат новата GeForce како резултат на тоа“.
Акциите на компанијата удрија дно од 250,27 долари за време на по берзанската трговија откако достигнаа рекордни 260,13 долари на крајот на трговијата вчера поради очекувањето на силни резултати. Од почетокот на годината акциите на Nvidia ја зголемија својата вредност за 34%, што ги прави компанија со најдобри перформанси на Philadelphia Stock Exchange Semiconductor Index бенчмаркот. Пазарната капитализација на компанијата скокна до 158 милијарди долари од 30 милијарди долари пред седум квартали.
Резултатите за првиот квартал се покажаа како многу добри. Нето добивката скокна до 1,24 милијарди долари, или 1,98 долари по акција, во рамките на периодот од 507 милиони долари, или 79 центи по акција, една година порано, објави компанијата. Приходите од продажба се зголемени за 66 отсто на 3,21 милијарда долари. Просечната прогноза на аналитичарите беше за 1,46 долари по акција при добивка од 2,9 милијарди долари.
Приходите од центри за податоци се зголемила за 71% до 701 милиони долари, надминувајќи ги прогнозите за 653 милиони долари. Приходите од игри, кои претставуваат повеќе од половина од вкупниот приход на компанијата, се зголемиле за 68% до 1,72 милијарди долари, надминувајќи ја прогнозата на Wall Street за 1,55 милијарди долари.
Nvidia има заработено и од подобрите од очекуваното продажби на пазарот на персонални компјутери во првиот квартал.
Извор : линк