Од Светската туристичка организација предупредуваат на глобална штета за овој сектор. Со подетално слика ќе излезат на крајот на март. На готовс е и Грција каде туризмот е една од носечките гранки на стопанството
Плоштадот Синтагма во Атина. Вообичаен метеж и туристи. Но, во грчката влада се прават проценки за ефектите што Коронавирусот ќе ги остави врз овој сектор во главната, летна сезона. Кинезите се важни, но првите сигнали не се загрижувачки, вели ресорниот министер.
„Ги разгледуваме нашите стратешки цели, не преку стимулации, туку повеќе преку маркетинг и обиди да се отстранат некои ограничувања и проблеми со визниот режим за да направиме Грција да биде полесен избор за различни туристи“, изјави министерот за туризам, Хари Теохарис.
Шефот на Светската туристичка организација алармира дека е можна рецесија на глобално ниво, ова особено што бизнисите кои драстично пораснаа се поврзани со бумот што го прават кинеските туристи кои трошат многу, а токму тие сега се под забрана за патување поради вирусот.
„Се разбира дека ќе има голема штета, вклучително и внатрешниот туризам во Кина, тоа се големи бројки. И, се разбира, ќе има ефекти врз економиите во многу земји. Но, ајде да видиме. Кога има криза, секогаш има и решение“, изјави Зураб Пололикашвили, генерален секретар на Светската туристичка организација.
Состанокот на двајцата доаѓа во период кога бројката инфицирани од Коронавирусот надмина 72 илјади, а починаа над 1.800 луѓе, меѓу кои и директорот на болницата во Вухан, градот- жариште на овој вирус.
Кина соопшти дека се намалува пројот на заразени. Објави обемно истражување кое покажува дека во 80 насто од случаите симптомите биле благи, а само во 4,7% биле критични. Најголема смртност имало кај луѓето постари од 80 години, а до 39- годишна возраст стапката била 0,2%.