Се наѕира ли нова светска економска криза ?! Корона вирусот се повеќе остава траги и врз економијата.
Апел за побрза реакција околу ситуацијата утрово стигна и од Претседателката на Европската банка Кристин Лагард која ги предупреди европските лидери брзо да реагираат, за да не се повтори финансиската криза од 2008та година.
Црвен аларм вклучија и македонските стопанственици.
Претседателката на ССК, Данела Арсовска вели дека колку побрзо државата им пружи помош на фирмите, толку помали штети ќе има домашната економија. Бараат парична помош, привремено ослободување од даночните обврски, поволни кредитни линии.Најмногу на удар се туризмот, трговијата и угостителството. Состојбата таму е на алармантно ниво.Во следните три месеци во земјава нема да влезе ниту еден турист, велат од секторот. Дури 90% од аранжманите се откажани.
„Наеднаш се соочуваме со резултат нула од сé она што го очекувавме и во кое вложувавме. Ситуацијата алармантно се влошува и ќе потрае веројатно до јуни. Сепак, за нас сезоната е веќе загубена. Сфаќаме дека коронавирусот е глобален проблем, но сите држави преземаат мерки за да ги задржат луѓето во туристичкиот сектор на работа. Всушност, нам тоа сега ни е и најголем проблем. Паниката го прави своето, но не смееме да дозволиме компаниите да банкротираат.“истакна Влатко Сулев од Националната асоцијација за инкаминг туризам
Од министерството за економија велат дека секторите може да сметаат на нивна помош, но апелираа ситуацијата да не се гледа како можност за да се извлече некаква придобивка.
А состојбатаудри и по џебот на граѓаните. Потрошувачите се жалат дека веќе се забележува оти цените на продуктите како на брашното и макароните во маркетите се зголемуваат.
Од Организацијата на потрошувачи и од Пазарниот инспекторат велат дека постапуваат по насоки на Владата. Не забележале драстично зголемување на цените. Апелираа и до граѓаните да не создаваат вештачка побарувачка, за тоа да не повлече и вештачко зголемување на цените.