Цената на златото денес порасна бидејќи коронавирусот, чие ширење надвор од Кина се забрза, предизвика страв меѓу инвеститорите па побараа засолниште за својот капитал.
Во исто време, европските акции ослабнаа во денешното рано тргување од истата причина.
Цената на златото скокна за 1,32 проценти во 01:57 часот по источноамериканско време, на 1,666,15 долари за унца. Во исто време, среброто поскапе за 0,95 и се продаваше по 18,69 долари за унца, додека паладиумот зајакна за 0,22 проценти и достигна 2.713,52 долари за унца.
Меѓутоа, цените на нафтата се во пад, па така фјучерсите на брент нафтата за испорака во мај паднаа дури за 2,43 проценти на 56,53 долари за барел во 2:00 по источноамериканско време.