Откако светот се соочи со пандемијата на Ковид-19, условите и начините на работа што ги познававме значително се изменија, а воедно сведоци сме и на сегашната воена криза во Украина, која веќе предизвикува големи економски промени во светски размери. Но иако во зоната на непознатото и неизвесното, фирмите и понатаму имаат потреба да продолжат со работата, обидувајќи се да ги намалат последиците од кризите. Во овие услови, од исклучителна важност им се точните информации врз основа на кои можат да ги реализираат своите бизнис-планови.
Македонското кредитно биро на компаниите им нуди неколку важни извештаи за правни лица, преку кои се добива детален увид на финансиските обврски, односно задолженоста на фирмите, што претставува извонредна можност за редуцирање на ризиците. Македонското кредитно биро – МКБ е прво и единствено кредитно биро чиишто извештаи се целосни и точни, а се однесуваат на обврските по основ на кредити, акредитиви, заеми, платежни картички, осигурување, гаранции, обврски по основ на даноци, услуги од областа на енергетиката и уште многу други.
Еден од најзначајните извештаи кој е од особена важност за компаниите и намалувањето на ризикот при нивното работење е Корпоративно-бонитетниот извештај. Ова е извештај кој нуди податоци за задолженоста и редовност во подмирувањето на финансиските обврски, податоци за блокада на трансакциска сметка во реално време, тековни состојби на правни субјекти како и клучни финансиски показатели за приходите, расходите и финансискиот резултат од работењето за три последователни години.
Корпоративниот-бонитен извештај е единствен ваков извештај на македонскиот пазар преку кој можете да ги проверувате сите правни субјекти во земјата и кој овозможува најреална слика за работењето и статусот на сегашните или идните деловни партнери.
Како до Корпоративен-бонитетен извештај?
МКБ го овозможува овој извештај на едноставен и брз начин преку платформата МОЈ.МКБ(линк https://moj.mkb.mk/).
Бидете во тек со сите промени, планирајте внимателно и создавајте успешни бизниси.