Се стокми новогодишната кошничка. Над 600 производи ќе треба да бидат со пониски цени за 10  па и повеќе проценти. Тука влегуваат жита, пекарски производи, сувомеснати, млеко, овошје, зеленчук, пијалаци, и друго. Листата не е конечна и може да се надополнува додека трае акцијата. Но, она што е различно од досегашните мерки е тоа што самите трговци дале предлози што  ќе поевтини, казни нема да има, а граѓаните ќе бидат главни инспектори. Иако, праксата досега покажа дека со владина одлука за ограничување на маржи или замрзнување на цени некои трговци наоѓаа начин и не ги почитуваа, сега и покрај тоа што нема да се казнува, надлежните се сигурни дека трговците ќе си стојат на зборот кој го дале на состаноците со Владата и синдикатите.

  • Ако они сами најавија дека ќе ги намалуваат која е причионата да ги зголемуваат во тој временски период и нивните имиња се ставени сите на страната.

И од ССМ предупредија дека ќе следат дали навистина цените ќе се намалат или повторно ќе има злоупотреби.

  • Ова е од причина што новата Синдикална минимална кошница ќе биде пресметана на 20 декември, а мерките стапуваат на сила на 15 декември со што ќе знаеме што реално е намалено од основните производи во делот за храна и пијалаци, а на 20 јануари ќе знаеме дали по завршување на мерката на 15 јануари, трговците направиле зголемување на цените со што би се изгубил ефектот од истите, велат од ССМ

Но, пред да почне оваа акција веќе може да се забележи дека некои производи добија повисока цена. И од ССМ потсетија на она што се случуваше со претходната мерка. Од таму велат дека пред да стапи на сила мерката  производите поскапеле, а истото се случило и по нејзиното завршување. Некои цени се зголемиле и до 30 отсто.

Инаку, граѓаните преку сајтот моја кошничка можат да ги видат сите трговци кои учествуваат во во оваа акција и што понудиле од нивните производи да биде со пониска цена.

Пред да се формира оваа кошница дел од производствените компании се согласиле да бидат дел од нејзе,  но предупредиле дека цената на струјата на отворен пазар е  сериозно висока и дека тоа може да направи нов ценовен шок.