Во објавата на оштетените штедачи од 15.06.2021 година, ме обвинувате како соучесник во лошото работење на банката.
Сакам да ви биде јасно, јас како акционер го именував само Управниот Одбор и целокупната внатрешна структура во банката е раководена од поставениот Управен Одбор, читајте Генерален директор.
Со каква леснотија обвинувате за мое соучесништво, навистина се граничи со неразумност.
Повторувам: стојам на располагање за секаков вид распит околу стечајот на Еуростандард банка.
Нема да толерирам натамошни клевети од ваша страна и ве предупредувам дека доколку продолжите на ваков начин да ми го рушите достоинството, ќе бидам принуден да ве носам на суд, да ве тужам за клевета.