Кој стои зад тоа, јас ќе бидам толку упорен да дознаам. Немам докази, но ќе ги обезбедам. Јас пред себе имам еден Кинески ѕид, НБРМ и државата. Изразувам солидарност кон оштетените. Нема да бегам од земјава, немам потреба да изнесувам пари. Сè што сум имал сум вложил во банката, рече бизнисменот Трифун Костовски
Сопственикот на пропаднатата Еуростандард банка, бизнисменот Трифун Костоски, во вечерашната емисија „Само интервју“ на Канал 5, вели дека стечајот бил подготвуван подолг период како и дека Народната банка не ги употребила сите алатки за рестартирање на банката да се стабилизира.
Ако некој беше изненаден, првенствено ние бевме изненадени, а потоа и штедачите заедно со нас, бидејќи повеќе од јасно е дека стечајот бил подготвуван подолг перио, па можеби и година дена – вели Костовски.
Тој направи интересна споредба со операциона сала.