Во година полна со економски, енергетски и здравствени предизвици, продолжуваме со вистинска грижа за сите граѓани и се фокусираме на целокупен развој на државата, напиша на социјалните мрежи премиерот Димитар Ковачевски.

Со усвојување на ребалансот на Буџетот за 2022 година изминатава недела, обезбедуваме економска стабилност и поголема финансиска поддршка за граѓаните и компаниите во оваа исклучително кризна година, појаснува премиерот на неговиот фејсбук.

„Обезбедени се:
76 милиони евра за нови антикризни мерки
32 милиони евра за зголемување на домашното производство на храна.
Зголемени плати во образованието и детската заштита и нивна навремена исплата
Повисоки пензии од септември за над 320.000 пениознери
Субвенции за земјоделците
Средства за развојни проекти
Ребалансот кој е поздравен од Светска банка и презентиран и пред граѓаните и пред бизнис заедницата, покрај одржување на макроекономската стабилност, цели и кон поддршка на економијата за враќање во предпандемиско ниво“, вели Ковачевски во напишаното.