Австриската банка Рајфајзен банка Интернешнл (РБИ) објави ниска добивка и приходи во вториот квартал во четвртокот, истакнувајќи го продолжувањето на ниската цена на ризик во Источна Европа меѓу позитивните фактори.

Консолидираната нето добивка на австриската банка се намали за 3,4 проценти во вториот квартал на 345 милиони евра.

Оперативниот приход исто така падна, за 7,5 проценти во однос на истиот период лани, на 1,276 милијарди евра.

Нето приходите од камати скоро останаа на исто ниво како минатата година и изнесуваа 840 милиони евра, благодарение на зајакнувањето на руската рубља. Русија е најпрофитабилниот пазар за австрискиот заемодавател, забележува Ројтерс.

Нето приходите од провизии и надоместоци се намалија за пет проценти на 437 милиони евра.

Во второто тримесечје, РБИ забележа нето-загуба од тргување од 27 милиони евра. Во истиот период минатата година, тие остварија нето добивка од 18 милиони евра.

Стапката на адекватност на капиталот на крајот на јуни изнесуваше 13,8%.

Меѓу позитивните фактори, извршниот директор Јохан Стробл во изјавата рече дека се: ниските трошоци за ризик и зголемени кредитни пласмани во Русија и Централна Европа во првата половина од годината.

„Заемите на клиентите пораснаа за девет проценти во првата половина од годината, особено во Австрија, Русија и Централна Европа. И покрај многу ниските камати, нето приходите од камати и нето-приходите од провизии и надоместоци се развиваат многу позитивно, а трошоците за ризик останаа на многу ниско ниво “, рече Стробл.

Нето приходот од камата во првото полугодие беше на ниво од истиот период лани и изнесуваше 1,66 милијарди евра.

Нето приходите од провизии и надоместоци се намалија во првите шест месеци од оваа година за 3,5 проценти во однос на истиот период лани и изнесуваа 839 милиони евра.

Консолидираната добивка падна за 24,4 проценти на 571 милиони евра.

Трошоците на ризикот беа 12 милиони евра.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк