Во последно време Интернетот ни донесе не само забавни слики, видеа со мачки и нецензуриран поглед на мислите на американскиот претседател, но им овозможи на милиони уметници да ги споделат своите дела и да заработат по нешто од нив, коментира „Statista“.
Всушност денес интернетот претставува најголемиот пазар на светот, со платформи како „Etsy“, „YouTube“ и „Instagram“ им даде на творците од целиот свет продавница за сè што создаваат, било да е тоа уметност, музика, слики или нешто друго.
Без да бидат ограничени продавачите од локалните пазари, секој со малку талент може да заработи пари онлајн. Неодамнешниот извештај на „re:create“ – креаторската група за права, покажува дека милиони Американци го искористуваат ова.
Според „re:create“ речиси 15 милиони уметници во САД имаат генерирано вкупна добивка од над 5 милијарди долари преку осум онлајн платформи, и тоа само за 2016-та година.
Како што покажува графиконот, „YouTube“ е особено привлечна платформа за независни уметници. 1,8 милиони Американци заработија вкупно 3,2 милијарди долари преку видео-платформата на „Google“.
„Etsy“ – онлајн магазинот за рачно создадени производи, е на второ место, но и доста поназад од лидерот, со вкупна добивка од 1,4 милијарди долари. Во исто време, „Instagram“ ја формираше водечката тројка со профит од 538 милиони долари.