Комерцијална банка АД Скопје промотивно до 31,03,2015 на своите клиенти им нуди станбен кредит со ЕУР клаузула со 2,9% годишна, фиксна каматна стапка за првите 3 години и 6,85% годишна, променлива за остатокот на периодот на отплата.
Дополнително во промотивниот период е вклучено 0% надомест за одобрување и администрирање за сите одобрени барања како и без трошоци за процена на вредноста на инструментот за обезбедувањето.
Износот на кредитот зависи од кредитната способност и вредноста на хипотеката и рок на отплата до 360 месеци. Комерцијална банка на клиентот му овозможува и можност за користење на грејс период од 12 месеци. За времетраењето на грејс периодот се пресметува и наплатува само интеркаларна камата.
За повеќе информации посетете го сајтот на банката www.kb.com.mk