Гледано според намената, на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити се најзастапени категории. Остварија месечно зголемување од 0,3% и 0,8%, соодветно, при годишен раст од 6,4% и 10,8%…

Вкупните кредити на годишна основа, бележат раст од 7,5% како резултат на зголеменото кредитирање на граѓаните и подоминантно на компаниите, информира Народната банка. Гледано според намената, на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити се најзастапени категории. Остварија месечно зголемување од 0,3% и 0,8%, соодветно, при годишен раст од 6,4% и 10,8%. Автомобилските кредити, во август, забележаа месечен и годишен раст од 4,5% и 27,4%, соодветно.

Вкупните депозити анализирани на годишно ниво, во август се зголемени за 9,1%, што се должи на растот на депозити на двата сектора, со доминантен придонес на секторот домаќинства.

Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во август, бележат раст од 3,1% споредено на месечно ниво. Притоа, месечната промена во најголем дел е резултат на зголемените депозитни пари и краткорочните депозити во денари и во странска валута, а помало позитивно влијание имаат и долгорочните депозити во денари, додека долгорочните депозити во странска валута остварија пад.

Кредитите одобрени на кредитни картички се пониски за 0,6% и 8,9%, на месечна и на годишна основа, а негативните салда на тековните сметки забележаа месечен и годишен пад од 3,3% и 7,3%, соодветно.

Во август, кредитите одобрени врз други основи се намалени на месечно и на годишно ниво за 1,7% и 19,5%, соодветно.