Лани новите кредити за фирмите пораснале за 70 милиони евра, а кредитите за граѓаните пораснале за 199 милиони евра. Дали банките имаат поголема доверба во граѓанмите отрколку во фирмите?
Според официјалните банкарски податоци сите 14 деловни банки лани вкупно пласирале 269 милиони евра во македонската економија преку кредити и заеми за компании и за физички лица. Многу е значајно да се истакне дека нема баланс меѓу кредитирањето компании и граѓани затоа што банките повеќе од очигледно форсираат задолжување на граѓаните пред кредитирање на компаниите. Соодносот е следен: физичките лица подигнале 199 милиони евра кредити лани, а сите фирми заедно само 70 милиони евра.
Како ќе се опдразува ова на домашното стопанство допрва ќе видиме
Исто така трите најголеми банки „Стопанска банка Скопје“, „Комерцијална банка“ и НЛБ Банка ги намалиле кредитните пласмани во домашните компании. На крај на 2017 година најголемиот поддржувач на домашните компании „Комерцијална банка“ има во корпоративни пласмани 605 милиони евра што е за 10 милиони помалку од 2016 година, „Стопанска банка Скопје“ има 12 милиони евра помалку од 2016 година и тие изнесуваат 358 милиони евра, а кај НЛБ Банка намалувањето е речиси и незабележливо и изнесува само 2 милиони евра помалку. Исто така намалување на кредитирање на компании има кај „Шпаркассе“ и кај најмалата „Капитал банка“. Ова укажува дека вкупно 5 домашни банки го намалиле нивото на кредитни пласмани во компании лани во споредба со 2016 година. Наспроти овој тренд лани истакнати биле три банки: Халк банка, Прокредит банка и Охридска банка.