Најголемата светска крипто берза Binance се согласи да плати судска спогодба од околу четири милијарди долари, откако нејзиниот основач и извршен директор Чангпенг Жао се изјасни за виновен пред американскиот суд дека не спречил перење пари на оваа платформа.
Жао поднесе оставка како извршен директор на компанијата, а Бајнс призна дека го прекршил Законот за банкарска тајна на САД и програмата за санкции, како и дека не пријавил сомнителни трансакции, пренесува АП.
„Ако користите нова технологија за да го прекршите законот, вие не сте иноватор, туку криминалец“, рече американскиот државен обвинител Мерик Гарланд, кој спогодбата ја нарече една од најголемите корпоративни казни во историјата на САД.
Binance and its CEO Changpeng Zhao pleaded guilty to criminal charges for anti-money laundering and US sanctions violations and agreed to pay over $4 billion in penalties, US Attorney General Merrick Garland said https://t.co/hZAzOk0oDg pic.twitter.com/zEI8MqVQyf