Веста дека Фејсбук ќе создаде своја криптовалута, односно ќе подигне потполно независна платформа за дигитални плаќања, ја разбранува јавноста во политичкиот и бизнис секторот, односно ги заинтересира законодавците и регулаторите.
Неодамна по првата најва дека ќе ја лансира криптовалутата Libra прв се огласил американскиот Конгрес со упатсво до Фејсбук да не презема никакви понатамошни чекори додека нивните одбори не прегледаат за што конкретно се работи. Потоа, се јавило и здружението за заштита на податоци кое изразило грижа дека Фејсбук, познат по пропустите во ова подрачје би можел дополнително да ја загрози приватноста на корисниците на новата криптовалута.
Покрај овие негативни реакции стигнала и истрагата од Европската Комисија.
Според документите кој на увид ги добил Bloomberg, ЕК истажувала за потенцијалното нарушување на правото на пазарот. Во комисијата се загрижени дека Libra може да ја блокира конкуренцијата кога е во прашање размена и користење на приватни податоци од нејзините корисници.
Фејсбук ја сметал својата работна сила која може од дигитално плаќање со Libra да ја елиминира конкуренцијата на начин кој не е дозволен во Европската Унија. Фејсбук која ја најавуваше Libra рече дека таа ќе биде под ингеренција на швајцарската влада бидејќи седиштето на Libra Association ќе биде во Женева. Во Република Швајцарија, пак, до сега не добиле никакви информации за овој план и ги очекуваат до крајот на овој месец.