Бројот на Американци кои поседуваат криптовалути скоро двојно се зголеми во 2019 година. Истражувањето на компанијата „Firender“ покажа дека бројот на американски граѓани кои поседуваат криптовалути се зголеми од 7,95 проценти во 2018 година на 14,4 проценти.

Firender, фирма за финансиски услуги со седиште во Австралија, анкетирала 2.068 Американци за да открие дека 36,5 милиони луѓе во САД денес имаат некаква форма на криптовалутност.

Насловено како „Зголемен број Американци имаат криптовалути“, истражувањето беше објавено на 14 октомври.

Според истражувањето, просечната сума која американците ја поседуваат во крипто-валути е 5.447 американски долари. Како и да е, бидејќи скоро три четвртини од испитаниците, всушност, држеле помалку од оваа сума, средната вредност на криптовалутите во посед на американци е 360 долари.

Повеќе од половина од сопствениците на криптовалути во САД се сметаат за „крипто полигамисти“, затоа што 55,4 проценти од сопствениците на Bitcoin (BTC) анкетирани од Firender тврдат дека поседуваат друга форма на криптовалута. Слично како и со другите истражувања, оваа анкета вели дека мажите поседуваат криптовалути скоро двојно повеќе од жените, со 19 проценти од анкетираните мажи кои тврдат дека имаат некаков вид на криптовалута во споредба со само 10 проценти од жените.

Според компанијата Firender, повеќето Американци поседуваат некаков облик на криптовалута затоа што сметаат дека тоа е еден вид инвестиција. Како такви, 61 процент изјавиле дека поседуваат криптовалути за инвестициски цели, додека само 29,3 проценти изјавиле дека ги користат за трансакциски цели. Во меѓувреме, дури 25,6 проценти од Американците имаат криптовалути затоа што сакаат да ги задржат своите пари надвор од традиционалните финансиски институции.

Од друга страна, очигледно е дека недостигот на лесна употреба е главната причина зошто Американците претпочитаа да се држат настрана од криптовалутите во 2019 година. Според Firender, 47,9 проценти рекле дека криптовалутата е „премногу комплицирана или тешка да се разбере“ како причина да не се инвестира. Оваа категорија ја следат 45 проценти од луѓето кои едноставно не се заинтересирани за криптовалути и 23 проценти кои веруваат дека криптовалутите се премногу ризични.

На крајот на септември, едно друго истражување покажа дека 32 проценти од Европејците веруваат дека криптовалутноста е иднината на плаќањата преку Интернет.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобруваање од редакцијата на БанкоМетар.мк