Приходите на најстарата македонска компанија за животно осигурување пораснале за 1,56 милиони евра и растат и по двата основи : приходите од полиси за животно осигурување и приходите од вложувања.
Најстарата македонска компанија за осигурување живот „Кроација осигуурвање живот“ лани ги зголеми приходите од работењето за 15,5 отсто односно за 1,56 милиони евра во однос на 2016 година! Официјалните податоци од ревизорскиот извештај на таа компанија покажуваат дека вкупните приходи надминале 717 милиони денари и од таму може да се заклучи дека расте свесноста кај граѓаните за придобивките од животното осигурување.
Од јавно достапните податоци се гледа дека растат приходите по двата основи. Односно се зголемуваат приходите од полиси за осигурување живот, но компанијата одлично управува и со финансиските средства кои ги има на располагање со цел оплодување на полисите и зголемување на нивната вредност. Така од полиси (заработена премија) компанијата остварила 621 милиони денари односно 10 милиони евра приходи! Тоа е за 71 милиони денари повеќе од 2016 година и тука растот изнесува 12,9 отсто. Солидно зголемување има и кај приходите од вложувања. Тие пораснале за 26,6 милиони денари во однос на 2016 година односно за 38 отсто. Тоа е фантастичен резултат! Приходот од вложувања лани е 96,6 милиони денари, а го сочинуваат приходи од камати кои достигнале 77,3 милиони денари и приходи од курсни разлики кои достигнале 18,5 милиони денари.
Вкупните расходи од работењето на компанијата лани достигнале 683,9 милиони денари и пораснале за 87 милиони денари во однос на 2016 година.
Компанијата остварила добивка од 29,45 милиони денари во 2017 година и таа е за 8,5 милиони денари односно за 41 отсто поголема од 2016 година. Добивката по акција изнесува 982 денари по акција.
Извор: Фактор