Кампањата за поголеми плати за „Почитуван работник и почитувано општество“ продолжува и во следниот период. Една ипол година Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија прави кампања каде што бара почитување на законите и колективните договори и унапредување на правата на работниците, истакнаа од КСС.

Од таму истакнуваат дека за жал на стогодишнината на Меѓународната организација на труд, кога треба да се пофалат дека ги надминале основните работнички права, тие сеуште се бават со основните права, а тоа се: правото на плата и правото на сигурно работно место.

Според нив еден до важните сегменти во синдикалното делување е здравјето и безбедноста на работното место. Светската здравствена организација донесе една препорака со којашто согорувањето на работните места ќе се смета како професионално заболување, а тоа доаѓа од процесот на стрес, притисоци на работното место и т.н.

Наведоа дека продолжуваат овој период со кампањата која трае повеќе од една ипол година и во текот на летото, поради тоа што многу работници се изложени на непристојни услови на работа, пред се оние од градежниот сектор, продолжуваат со кампањата насловена како „Безбедни и сигурни работни места“, така да кон крајот на летото повторно ќе се навратат на платата како основен сегмент и основно работничко право, затоа што единствено што бараат е усогласување на платите, согласно зголемувањето на минималната плата којашто требаше да се зголеми како што пишува во законите, како и требаше да се усогласат колективните договори, но според нив нема слух од страна на Владата.

Порачуваат дека продолжуваат со нивните активности, а за тоа какви чекори ќе преземат, тоа ќе зависи од органите на синдикатот и членството коешто веќе е при крајот со изјаснувањето. Членството бара да се преземат порадикални чекори во делот на остварувањето на основните работнички права.