Разочарани, изманипулирани и потценети од односот на надлежните – така се се чувствувале вработените во јавниот сектор откако ја примиле мартовската плата по старо- неусогласена со новиот минималец од 18.000 денари. Револтот расте, вработените во полиција, градежништво, транспорт,енергетика бараат радикализација- предупредуваат од Конфедерацијата на слободни синдикати кои минатата неделе протестираа.. Велат се размислува за организирање на нови протести или штрајк. Законот за административни службеници кој по скратена постапка е доставен до законодавниот дом за нив е манипулација – бидејќи вработените ќе добиеле по само 100 до 200 денари повисоки плати.
ВЧЕРА ДОЗНАВМЕ ДЕКА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ, ОНАКОВ КАКОВ ШТО САКААТ ДА ГО ДОНЕСАТ НА ЕДЕН ПОНИЖУВАЧКИ НАЧИН Е ПОДНЕСЕН ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА ВО СОБРАНИЕТО. ТОЈ ЗАКОН НЕ НОСИ НИШТО ДОБРО, САМО ПО 100 ДО 200 ДЕНАРИ ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР И СО ТОА ПРОДОЛЖУВА МАНИПУЛАЦИЈАТА, ВЕЛИ РАЛПОВСКИ.
Велат решението е едноставно и го има во старото законско решение. Треба само надлежните да донесат додлука да се зголеми бодот, за вработените да добијат повисоки плати усогласени со растот на минималната.
ЧЛЕНСТВОТО Е ПРЕМНОГУ РЕВОЛТИРАНО, А МАНИПУЛАЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА. ДОКАЗ ЗА ТОА СЕ ИСПЛАТЕНИТЕ ПЛАТИ ВО ДЕЛОТ ОД ЈАВНИОТ СЕКТОР КАКО ШТО МАРТОВСКАТА ПЛАТА СЕ ИСПЛАЌА ПО СТАРО. ЗНАЧИ ЛУЃЕТО ЗЕМААТ ПОВТОРНО ПОД МИНИМАЛНА ПЛАТА.ПОВТОРНО ГИ ЗЕМААТ ОНИЕ МИЗЕРНИ ПЛАТИ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ. И ЗАТО ЧЛЕНСТВОТО НА ОВИЕ ГРАНСКИ СИНДИКАТИ, ПО АНКЕТИТЕ ШТО ГИ ПРАВЕВМЕ И КОИ УШТЕ ТРААТ СЕ КРАЈНО РАЗОЧАРАНИ И БАРААТ РАДИКАЛИЗАЦИЈА. ИЛИ ШТРАЈК ИЛИ ПРОТЕСТ НЕ ЗНАЕМЕ ШТО ЌЕ БИДЕ, ВЕЛИ РАЛПОВСКИ.
Од КСС ги поддржуваат највените протести и штрајкови на другите синдикати, но бараат обединување на синдикатите за да излезат сите заедно контра како што велат игнорантскит однос на надлежните – за нивните барања за усогласување на платите со растот на минималецот. Дека врие во јавната администрација доказ се најавените протести и штрајкови. За утре и задутре синдикатот на УПОЗ најави двочасовен предупредувачки протест со прекин на работатата во судовиите, државните управи и агенции. За понеделник е најавен генерален штрајк на СОНК-во градинките и училиштата. А штрајк за 14 април најави и синадикатот на Пошти.
Александра Филиповска