Сепак, достапноста на 80% од американските пазари е подобрена во споредба со минатата година
Купувањето просечен дом во САД е финансиско оптоварување за Американците на повеќето пазари, и покрај забавувањето на растот на цените на недвижностите, ниските каматни стапки на хипотеките и зголемувањето на платите, објави Блумберг.
Просечните цени на куќите беа превисоки за Американците со просечни плати на три четвртини од пазарот за недвижнини на земјата во вториот квартал од 2019 година, според извештајот на ATTOM Data Solutions за пристапноста во САД за домување.
Во исто време, достапноста на 80% од пазарите се подобрува во споредба со минатата година, но јазот меѓу зголемувањето на цените и растот на платите останува висок како и во последните неколку години.
Во Њујорк квартовите Бруклин и Квинс се недостапни во споредба со просекот, додека други населби се повеќе достапни. Просечната цена на становите во Менхетен е намалена за 9% во споредба со истиот период минатата година, а во исто време платите се зголемија за 4%, што значително ја подобрува достапноста. Сепак човек треба да заработува околу 340 илјади долари за да купи стан на просечна цена.
ATTOM ја мери достапноста, и проценува колкав процент од просечната плата е потребен за плаќање на живеалиштето, вклучувајќи ги месечните рати на хипотекарните кредити, имотните даноци и осигурувањето за живеалиштата на просечна цена, купена со 30-годишен хипотека со фиксна камата, со аванс од 3% од вкупната вредност на имотот и сооднос меѓу долгот и приходот од 28%.